LSPR :: LSPR mk
   

LSPR

Знаењето на експертот за односи со јавноста е знаење за целокупната организација. Неговата работа е од мултидисциплинарна природа и програмата на Лондонската школа за односи со јавноста ги следи барањата на професијата.

 

Традицијата на изведување на образовните програми на ЛСПР од 1992 година во 18 држави е гаранција за широка збирка на стручни знаења. Искусните предавачи во струката на учесниците им претставуваат практични примери. Како да се организира интерно комуницирање во мултинационална компанија? Како да се напише соопштение за јавности при промена на раководството? Што мора директорот да каже во телевизиското интервју? Како да се одбележи десетгодишнина на компанијата?

 

Во текот на 2 месеца 30 колеги од различни генерации два пати неделно соработуваат на предавањата, работилниците и симулациите. По положениот завршен испит и со меѓународна диплома во џебот, дружењето продолжува. Меѓу дипломците се преплетуваат мрежи од знаења и лични врски, кои им даваат замав за извршување на своите повици во иднина.

 

За Лондонската школа за односи со јавноста

 

London School of Public Relations (LSPR) е основана во 1992 година и е дел од медиумската група David Game, која нуди образование во областа на медиумите, вклучувајќи го и издаваштвото, новинарството, фотографијата и информациските технологии. Школата, како дел од медиумската група, претставува решение за сè поголемата потреба од теориско знаење и практично искуство, која се појавила по брзиот развој на професијата односи со јавноста. Овој вид на едукација нуди знаења и на оние кои само што стапнале на подрачјето на односи со јавноста или на сродни подрачја, односно се на почетокот на кариерата.

 

По успехот на школата во Велика Британија, Лондонската школа за односи со јавноста постепено ги освојува и другите држави и во многу краток временски период стана меѓународна, стручна, едукативна институција под името LSPR Worldwide. Во едукативната мрежа се вклучени: Велика Британија, САД, Русија, Турција, Словенија, Хрватска, Чешка, Полска, Индија, Литванија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, а секоја година бројот на членови се зголемува.

Во повеќе држави ЛСПР соработува со членките на ICCO (International Communication Consultancy Organization).

 

LSPR Worldwide се развива во глобална стоковна марка и ги подига стандардите на едукација на подрачјето на односите со јавноста, со истиот успех и на пазарите во развој како и во економските развиените држави.

 

ЛСПР ја нагласува предноста на интеграција на различните елементи од комуникацискиот спектар и ги наведува односите со јавноста како клучна алатка која ги поврзува елементите во тој спектар. Со помош на интеграцијата постигнуваме целосен пренос на пораки до сите медиуми и остваруваме синергија од различни комуникациски алати. Потребно е да се спомене дека интеграцијата нуди употреба на продуктивни методи во изведувањето на проекти кои го намалуваат ризикот, со што се намалуваат и трошоците.

 

back
Approved by:
NUJ - National Union of Journalists

ITOL - Institute of training & occupational learning
Partners:
SPEM Komunikacijska skupina
McCann Erickson PR, Beograd, Podgorica, Skopje
ENI Marketing
Slovensko društvo za odnose z javnostmi
Zbornica za odnose z javnostmi
Udruženje za odnose s javnostima BiH - PRIBA
Trgovinska zbornica Slovenije
Dogodki

no news in this list.

svi dogodki

Novice

no news in this list.

sve novice

e-zine

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit.

 

subscribe




Quick links Sitemap Home ManPR CorpPA CSR LSPR Adobe Flash Player Send to a friend Add to favourites Adobe Reader
Slovenija Hrvatska BiH Srbija Makedonija English