CorpPA :: LSPR mk
   

CorpPA
Образование за искусни во комуницирање

 

 

Организациите делуваат во средини полни со предизвици. За подобра деловност од посебно значење е активно да се вклучуваат во општествената и политичка околина. Корпоративното комуницирање, кое претставува црвена нишка во напредната програма на Лондонската школа за односи со јавноста CorpPA (Corporate Public Affairs), во тоа игра клучна улога.

 

Во текот на еднонеделното дружење со предавачи од европските престолнини на знаењето, Брисел и Лондон, и од Словенија и Хрватска, учесниците се запознаваат со трендовите и позадината на корпоративното комуницирање, прашања од јавно значење, односи со јавноста и економската дипломатија. Во текот на 40 часа едукативна програма сознаваат како можат да ги следат и препознаат влијанијата во околината кои се од клучно значење при деловното работење на нивните организации, како и нивно вклучување во стратегијата на односите со јавноста за да го подигнат угледот, стратешки капитал на 21 век. Учесниците се запознаваат со процесите на одлучување во ЕУ и со нивното влијание на деловното работење на организацијата, навлегуваат во светот на дипломатијата, кој исто така, значајно ја креира околината на делување на претпријатието, бараат начини за реализирање на зададените цели, сознаваат како да спречат кризни ситуации со помош на управување со опасности и ризици и учат како при комуницирање со јавноста да ги употребат техниките на преговарање и како да постигнат консензус.

На крајот од едукацијата учесниците добиваат меѓународен сертификат CorpPA, кој го потврдува знаењето добиено по завршувањето на едукативната програма, креирана по меѓународни стандарди.

CorpPA ги следи трендовите и едукативните потреби на искусните комуникатори, ЛСПР дипломците и менаџерите на кои при работата им е потребно знаење за управување со корпоративниот углед на организацијата.

Програмата е креирана врз основа на резултатите од анализата на трендовите во струката, образовните понуди во ЕУ и САД, врз основа на искуството на организаторот на програмата, како и врз основа на резултатите од истражувањето за образованите потреби на дипломците на Лондонската школа за односи со јавност на подрачјето на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

При подготовката учествуваат Лондонската школа за односи со јавноста и водечката бриселска агенција за односи со јавноста и прашања од јавно значење Interel PR&PA.

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за образовната програма ве повикуваме да ни пишете на:

Corp-pa[@]spem-group.com.

 

back
Approved by:
NUJ - National Union of Journalists

ITOL - Institute of training & occupational learning
Partners:
SPEM Komunikacijska skupina
McCann Erickson PR, Beograd, Podgorica, Skopje
ENI Marketing
Slovensko društvo za odnose z javnostmi
Zbornica za odnose z javnostmi
Udruženje za odnose s javnostima BiH - PRIBA
Trgovinska zbornica Slovenije
Dogodki

no news in this list.

svi dogodki

Novice

no news in this list.

sve novice

e-zine

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit.

 

subscribe




Quick links Sitemap Home ManPR CorpPA CSR LSPR Adobe Flash Player Send to a friend Add to favourites Adobe Reader
Slovenija Hrvatska BiH Srbija Makedonija English