Комуницирањето е од витално значење за секоја организација. Организацијата која има воспоставено комуникациски канали со надворешната и внатрешната околина, нуди значајни информации за делувањето на своите јавности и добива квалитетни повратни информации за својот углед, одѕивот на случувањата итн. На прагот на третиот милениум непобитен е фактот дека успешна организација мора да има и систематско водење на функцијата комуницирање. Угледот и многу други клучни фактори за конкурентноста значајно зависат од успешноста на комуницирањето на одредена организација.
Менаџмент ПР е интензивна еднодневна меѓународно призната програма која дава динамичен сплет на теориската и практичната основа. Првенствено е наменет за водечките кадри во организацијата – потесното раководство и на оние кое се (или ќе бидат) одговорни за одредени области на комуницирање во организацијата.
Образовно-советодавната работилница прилагодена е на секоја организација (целна група) посебно и е заснована на решавање на конкретни комуникациски предизвици, кои заедно ги одредуваат клиентот и SPEM Комуникациската групација. Барањето на конкретни и апликативни решенија се случува интерактивно, заедно со предавачите, експертите кои со комуницирање се занимаваат веќе подолго од десет години.
Учесниците по завршувањето добиваат, заедно со меѓународно признатиот Менаџмент ПР сертификат и посебно подготвени образовни четива.
Образованата програма ја развивме врз основа на долгогодишното искуство на SPEM-овите советници и меѓународно признатата образовна институција London School of Public Relations (LSPR).
Ако сакате повеќе да дознаете за образовната програма Ве повикуваме да ни пишете на:
managementPR[@]spem-group.com
|