Добро дојдовте во Лондонската школа за односи со јавноста 
Знаењето на експертот за односи со јавноста е знаење за целокупната организација. Неговата работа е од мултидисциплинарна природа и програмата на Лондонската школа за односи со јавноста ги следи барањата на професијата.
Традицијата на изведување на образовните програми на ЛСПР од 1992 година во 18 држави е гаранција за широка збирка на стручни знаења. Искусните предавачи во струката на учесниците им претставуваат практични примери. Како да се организира интерно комуницирање во мултинационална компанија? Како да се напише соопштение за јавности при промена на раководството? Што мора директорот да каже во телевизиското интервју? Како да се одбележи десетгодишнина на компанијата?
Во текот на школата учесниците соработуваат на предавањата, работилниците и симулациите. По положениот завршен испит и со меѓународна диплома во џебот, дружењето продолжува.
Бидете дел од Петтата генерација на престижната Лондонска школа за односи со јавноста (London School of Public Relations - LSPR) во Скопје.
Над сто и педесет ЛСПР дипломци во Македонија од изминатите генерации, доволно говорат зa интересот што го предизивикува оваа интерактивна, современа и меѓународна школа.
Програмата на Петтата генерација на Лондонската школа за односи со јавноста е збогатена со нови содржини и модули, кои се во чекор со светските ПР трендови.
Школата ќе се одржи во периодот од 16 април до 8 јуни 2010 година во Скопје. Уписите се во тек.
|